Поради преголема бучава: Пломба од Општина Центар за кафе-барот „Интермецо“ на 30 дена

„Пломба“ на „Интермецо“ поставена од Пазарниот инспекторат во 2020 година

Општина Центар донесе решение со кое на кафе-барот „Интермецо“ му забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена.

– По пријава и континуирани поплаки од жителите на Општина Центар, констатирано е дека локалот и правниот субјект „Интермецо“ ги надминал пропишаните гранични вредности на имисионото право на бучава, информираат од Центар.

Оттаму објаснуваат дека на правното лице веќе му е изречена глоба во износ од 6.000 евра, но поради повторно непочитување на законските одредби, на кафе-барот му се изрекува забрана за вршење дејност.

Од Општината апелираат до сите угостителски објекти да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина и да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за дозволеното ниво на децибели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот