Поради пасошите неизвесност за екскурзиите на прилепските средношколци

Прилеп/Фото: МИА

За 30 проценти се намалени аранжманите на туристичките агенции во Прилеп поради неизвесноста од изготвувањето на патните документи за граѓаните. Според состојбите, се стравува дека ќе има уште поголемо откажување на аранжманите за патување во странство.

– Неочекувано, големи се последиците. Аранжманите се намалија за преку 30 проценти. Први „на удар“ се осмомартовските аранжмани. Веќе имаме откажувања на аранжмани, а речиси се полни автобусите. Ги откажуваат аранжманите зашто половината од патниците и немаат пасоши, а се фотографирани, но не знаат кога ќе ги добијат документите, вели Бранко Карески од прилепска туристичка агенција.

Голем проблем ќе бидат екскурзиите со учениците.

– Проблем ќе има за средношколските екскурзии. Голем број се веќе договорени, дефинирани се со време, маршрути, избрани се агенции, термини, дестинации, треба да бидат во април. А дотогаш е прашање дали сите ученици ќе извадат пасоши. Некои беа и малолетни, па доставија барање со полнолетството, но никој не знае кога ќе им стигнат пасошите. Ситуацијата е сложена и никој не знае како ќе се одвива наредниот период, вели Карески.

Проблем е и со меѓународните натпреварувања на учениците, па според туристичките агенции во Прилеп, следува неизвесен период за аранжманите за патување на граѓаните. е

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот