Поради неа денот трае подолго: Градбата која го успори движењето на Земјата! (ВИДЕО)

Од пирамидите во Гиза, до Пентагон, големата палата во Букурешт, луѓето непрестанато ги поместуваат границите кога се во прашање мегаструктурите, но само една е направена која влијае на брзината со која Земјата се движи, пишува Novosti.rs. Всушност, кога била завршена гигантската брана на хидроцентралата „Три клисури“ на реката Јангце во Кина, американската агенција за вселенски истражувања НАСА соопштила дека поради нејзината изградба, но и езерото кое е направено, успорена е ротацијата на планетата Земја со што е продолжен просечниот ден за 0,006 микросекунди.

инстаграм

Браната започнала да се прави околу 1993 и 1994 година, на третата најдолга река во светот (6.000 километри), а последната турбина била пуштена да работи во 2012 година. Самата брана е долга 2,4 километри, а висока е 185 метри. Ископани се неверојатни 103 милиони кубици земја и камен, вградено е 27, 2 милиони кубика бетон со 463.000 тони челик што е доволно за дури 60 Ајфелови кули.

Прочитајте и...  Не можете да заспиете? Овој природен лек делува подобро од апчињата за спиење

Вештачкото езеро е долго околу 620 километри, а широко 1,12 километри. Тоа зафаќа површина од околу 1.045 квадратни километри. За да се направи браната било потребно да се преместат околу 150 градови и 1.500 села. Трајно биле преселени 1,2 милиони луѓе. Многу значајни историски споменици, стари и по неколку илјади години биле преселени, а многу од нив завршиле под вода.

инстаграм

Цената за изградба на браната не била никогаш официјално објавена. Се проценува дека таа се движи од 50 милијарди до 100 милијарди долари, но оваа цифра треба да се земе со одредена доза на резерва, бидејќи сепак е најчесто спомнувана од противници за изградба на браната. Тие наведуваат бројни негативни влијанија на животната средина, но сепак би требало да се истражи дека браната освен тоа што дава 11% од потребната електрична енергија на Кина, ја задржала и реката Јангце од чии поплави некогаш знаеле да настрадаат и по 33.000 илјади луѓе.

Прочитајте и...  Коронавирус: Зошто луѓето веќе не се толку загрижени за смртните случаи и за бројот на заболени?
инстаграм

Оваа хидроцентрала има инсталирана сила од 22.500 мегавати. Првата година по пуштање во работа, 2013 година, хидроцентралата произвела неверојатни 98,6 милијарди киловат часови да за само година дена подоцна постави и рекорд, кој до ден денес не е срушен, од 98,8 милијарди киловат часови струја. Тоа, како што израчунале Кинезите, заштеда од 49 милиони тони јаглен. Тоа ја смалило емисијата на CO2 во атмосферата за 100 милиони тони.

инстаграм

Браната, секако и езерот, многу добро влијаеле и на пловењето на бродовите до Шенгај бидејќи сега можат да пловат и три пати поголеми бродови од порано. Само првата година биле превезени, а тоа е најефтин начин на транспорт, 185 милиони тони стока.

Прочитајте и...  Во Саудиска Арабија трета фаза од испитувањето на кинеската вакцина против Ковид-19

Прочитај повеќе

Не можете да заспиете? Овој природен лек делува подобро од апчињата за спиење

Слободен печат

Џенифер Анистон разочарана, но и полна со оптимизам: Ние не одиме никаде, никогаш нема да се ослободите од „Пријателите“!

Слободен печат

Почина италијанската комичарка Франка Валери: Пред девет дена го прослави 100-от роденден

Слободен печат

Најголемиот холивудски заводник го скротила само една жена, нејзината смрт никогаш не ја преболел

Слободен печат

Ова лето јадете плодови со сина или со црвена боја

Слободен печат

Витни Хјустон почина пред 8 години, а нејзината смрт сè уште е мистерија: Песните сами ќе ви објаснат и ќе сфатите каде сум

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во колку часот сте родени? Часот на раѓање ќе ви открие каква личност сте или каква е личноста која ви се допаѓа

Слободен печат

Тања Савиќ очајна откако маж ѝ ги однесе децата во Австралија без нејзино знаење: Пет дена не сум ги слушнала синовите

Слободен печат

Најубавите мисли од Моника Белучи: Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие признаваат дека сте подобри

Слободен печат

Дива свиња на нудист му го украла лаптопот, па гол ја бркал по излетничкото место (ФОТО)

Слободен печат

Андрија Милошевиќ не е само шегаџија: Ја покажа и својата романтична страна

Слободен печат

Коронавирус: Зошто луѓето веќе не се толку загрижени за смртните случаи и за бројот на заболени?

Слободен Печат