Популарната серија „Animaniacs“ се враќа на малите екрани: Стивен Спилберг ги зафаќа актуелните теми во општеството (ВИДЕО)

„Animaniacs“, анимираната серија која доминираше на ТВ каналот Cartoon Network пред повеќе од 20 години, се враќа на малите екрани. Премиерата е закажана за 20 ноември на платформата за стриминг Hulu.

Трејлерот ги прикажува сите стари ликови на анимираниот класик од 90-тите: браќата Ворнер, Јако и Вако, и нивната сестра Дот, како и „негативците“ Пинки и Мозак.

Како и оригиналната серија, така и во новата, се комбинира образованието прилагодено на децата со шеги и упади наменети повеќе за возрасни. Приколката дури го исмева самиот концепт на рестартирање, што овој проект го претставува. Исто така, се повикуваат на iPad, Доналд Трамп, Бијонсе, итн.

Оригиналната екипа, која им позајмуваше гласови на саканите херои, исто така се врати во целост, а улогата на извршен продуцент му припадна на Стивен Спилберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот