Поплавени куќи, срушени потпорни ѕидови и потопени две спортски игралишта во Миравци

Обилниот дожд во Гевгелиско, проследен со силен ветер и грмежи, утрово предизвика најмногу штета во атарот на селото Миравци. Локалните жители велат дека за многу кратко време, од големото количество вода се преполниле суводолиците и истечните канали кои се излеале и го отежнале одвивањето на сообраќајот меѓу Миравци и Петрово.

Според општинските надлежни служби кои веднаш излегоа на терен, во северниот дел од селото биле поплавени неколку куќи во месноста „Сирките”, двете спортски игралишта, а биле срушени и неколку потпорни ѕидови на куќи.

Брзото слевање на водата предизвика и времен прекин на железничкиот сообраќај од Гевгелија кон Скопје поради што екипи на МЖ веќе работи на отстранување на пречките и повторно воспоставување на сообраќајот.

На терен излегоа градоначалникот Сашо Поцков и екипи за да се утврди фактичката состојба и да се координираат неопходните активности. Проверка на состојбата се врши и во планинските села Серменин, Ума и Кованец. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот