Пописот не може да даде валиден податок за точноста на Избирачкиот список

Енвер Салихи - Александар Новаковски/ Фото колаж СП
Енвер Салихи - Александар Новаковски/ Фото колаж СП

Резултатите од Пописот на населението и домаќинствата не може да дадат валиден податок за точноста на Избирачкиот список бидејќи тој се прави по книга на државјани, а во пописот не се евидентират државјаните кои повеќе од една година престојуваат надвор од државата, а се наведени во книгата на државјани на РСМ, вели за „Слободен печат“, поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски.

– Споредувањето на пописот и Избирачкиот список е како споредување на јаболко и портокал. Не може да се прави паралела на избирачкиот список со пописот, изјави Новаковски.

Поранешниот член на ДИК Енвер Салихи вели дека запишување на лицата во Избирачкиот список започнува во моментот на издавање на државјанство и адреса, со што по автоматизам истото лице добива право на глас. Во нашиот избирачки список, додава тој, се запишани сите државјани со наполнети 18 години кои имаат живеалиште. Така, на последните избори од 2021 година имаше вкупно 1.824.864 запишани избирачи од кои 1.742.403 избирачи во РСМ и 82.461 избирачи во списокот за дијаспора.

– Потребно е да се направи разлика помеѓу резултатите од пописот и Избирачкиот список, иако на прв поглед сите мислиме дека не е можно да имаме иста бројка на избирачи и резидентно население. Сепак, разликата е што во избирачкиот список за дијаспората се запишани само 82.641 избирачи, додека за пописот на дијаспората имаме бројка од 260.606 попишани лица, бројка која е нереална. Според мое мислење треба да биде помалку или повеќе од 300.000 лица со што автоматски се добива слика дека за гласање во дијаспората имаме некаде околу 220.000 граѓани кои не се пријавуваат да гласаат и истите се во Избирачкиот список на лицата што гласаат во РСМ, вели Салихи за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот