Поп Ацев втор на Охридскиот маратон, прв на светската ранг листа

Фото: Vicky Boutin

Во рамките на „Гран-при” серијата на ФИНА двократниот светски шампион на 25 километри и рекордерот на Охридскиот маратон од 2013 година кога се пливаше на 32 километри, патеката „Климе Савин” од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид ја исплива за 5:20:55,25 часа.

Второпласиран беше македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев кој целта ја мина осум секунди подоцна. Во женска конкуренција триумфот доминираше Алис Франко од Италија, која 25-километарската патека ја исплива за време од 5:41:15 часа.

На целта најдобрите беа пречекани од претседателот на државата Стево Пендаровски, под чие покровотелство се организира Охридскиот маратон. Тој најдобрите ги овенча со ловорови венци и медали, како и пехари, а согласно пропозициите за нив е предвиден и награден фонд од 15 илјади долари.

Поп Ацев со денешниот резултат избива на првото место во генерален пласман на „Гран-при„ серијата на ФИНА во маратонско пливање на отворени води. Како првопласиранн со седум бода предност ќе настапи на на наредната трка долга 20 километри во Хрватска (Цриквеница-Нови Винодолски), а сезоната ќе заврши во септември во Италија, на патеката Капри-Неапол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот