Поп Ацев без конкуренција на Олимпискиот пливачки маратон во Охрид

National-Swimming-Federation-Национална-пливачка-федерација

На патеката долга 10 километри – Интернационален Олимписки Пливачки маратон, кај мажите триумфираше Евгениј Поп Ацев (ПК Вардар 2018). Поп Ацев немаше конкуренција, односно сам ја исплива трката.

Маратонот на 10 километри беше во организација на Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 и Националната пливачка федерација на Македонија предводена од претседателот Александар Филипчев, со поддршка од Агенцијата за млади и спорт, компаниите Костал, Макпетрол АД, Општина Охрид и Агенцијата за цивилно воздухопловство.

National-Swimming-Federation-Национална-пливачка-федерација

Потоа, на 5км славеше Андреј Стојановски (ПФМ), пред Божидар Мирчевски (ВиП Работнички) и Петар Краљевски (Аква Куманово). Во истата категорија, но кај жените првопласирана беше Јана Костадинова (ПК Младост), а на втората и третата позиција се најдоа Калина Стојчевска (ПК Младост) и Лина Јордановска (ПК Младост).

На патеката долга 2,5км кај мажите прв е Андреј Крстевски (ПВК Орион), втор Марио Ѓузиќ (ПК Младост), а трет заврши Мане Манов (ПК Центар). Во женска конкуренција триумфираше Калина Стојановска (ПФМ).

За регуларноста на трката се грижеа 10 судии, истакнати професори по Физичко образование и култура, а за безбедноста и здравјето на пливачките беше задолжен Црвен Крст – Охрид.

Претходно првата трка се одржа во рамките од Илинденскиот пливачки маратон, а последната трета ќе биде во Велес наредниот месец.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот