Фото: илустрација / Слободен печат / Драган Митрески

Поништен тендерот за јакни и редовни униформи на МВР

Поништен е тендерот за нови униформи за полицијата, објави „360 степени“. Причината според медиумот е тоа што компанијата чија понуда била избрана за „јакна“ и за „теренска униформа“ за редовната полиција, самата по себе немала доволен број вработени и затоа приложила техничка поддршка од фирма од Србија.

Причината за поништувањето е тоа што во тендерската документација, меѓу другите критериуми, МВР барало понудувачите да имаат сопствен технички капацитет и минимум број на вработени 50 лица за производство на јакни, но и 100 лица за теренската униформа. „Мега Спорт“ во својата понуда навеле дека го исполнуваат овој услов, но не самостојно, туку преку т.н. техничка поддршка од српската компанија „Лус Текстил“.

Но, според Комисијата за жалби по јавни набавки, во таков случај српската фирма требало да биде пријавена како подизведувач, што не било сторено.

Најдобрата понуда за јакна и за теренска униформа која е поништена е во вредност од 6.1 милиони евра.

Од МВР за „360 степени“ не откриваат како ќе постапат понатаму.

Огласот за јавна набавка кој го објави МВР имаше четири дела – јакна, теренска униформа, чизми и чевли.

Државната комисија за жалби по јавни набавки донесе решение со кое ја усвои жалбата на „Микеи интернационал“ и го поништи изборот на МВР во деловите – теренска униформа и виндјакна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот