Помпео најави дека САД нема да имаат милост кон режимот на Мадуро

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

– Режимот на Мадуро и оние кои го поддржуваат ќе бидат одговорни за корупција и репресија на демократијата – јасно порача државниот секретар на САД Мајк Помпео, на крајот од својата тридневна јужноамериканска турнеја.

Тој најави дека „САД ќе ги употребат сите можни економски и политички средства на располагање за да може венецуелскиот претседател Николас Мадуро да одговара за кризата во својата држава и јасно ќе им укаже на Куба и Русија дека ќе платат висока цена бидејќи го поддржуваат”.

Помпео тоа го порача во пограничниот колумбиски град Какута, последната дестинација од тридневната посета на Чиле, Парагвај и Перу.

Мадуро, пак, за економските проблеми на својата земја ги обвинува американските санкции, а опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател, го нарекува „американска марионета”.

Повеќе од три милиони жители на Венецуела ја напуштија државата која е погодена од огромна инфлација, недостиг на храна и лекови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот