Помалите партии извисија за една изборна единица и отворени изборни листи

Фото: Слободен печат

Работните групи на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ вчера ги усогласиле измените во Изборниот законик со препораките на ОБСЕ И ОДИХР.

Ваквата информација ја потврди пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби. Изборниот модел за предвремените останува ист – шест изборни единици и затворени листи.

-Веќе сме усогласиле текст на Предлог-закон кој во себе ги инкорпоира сите препораки на ОБСЕ и ОДИХР од последните три изборни процеси- претседателските, референдумот и локални избори и во тој предлог не се дискутира за изборниот модел, Апсурдно е да се дискутира промената на изборен модел на пет месеци до одржување на тие избори- вели Груби.

Од ВМРО-ДПМНЕ кој се залагаше за мнозинскиот модел со 120 изборни единици сметаат дека е доцна за менување на изборен модел.

-Менување на изборен модел на закажани и договорени избори на неколку месеци од правна точка, но и од аспект на граѓантие, во моментов сметаме дека не треба да се случи. Но она што го предлагаме го оставаме како отворена врата за да се продложи со преговорите и ако најдеме заеднички јазик како и досега во минатото, со консензус меѓу политичките партии ќе бидат донесени тие изнеми- рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Лидеорот на СДСМ, Заев вчера рече дека поддржува една изборна единица и отворени листи, но дека ваквите измени треба да се носат со консензус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот