Полусестрата на Меган Маркл ГО РАЗОТКРИ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА ВОЈВОТКАТА: Во јавноста глуми жртва, приватно НЕ ПРАШУВА ЗА БОЛНИОТ ТАТКО (ВИДЕО)

Саманта Маркл својата отуѓена полусестра Меган Маркл, која се омажи за принцот Хари, ја осуди откако војвотката се пожали дека луѓето ретко прашуваат дали и е добро додека таа се бори со интензивното медиумско внимание.

профимедиа

Саманта ја нападна Меган откако во средата навечер го гледала ITV документарниот филм „Хари и Меган: Африканско патување“, во кое беше вклучено и емотивното интервју во кое Меган низ солзи кажа:

Не е голем бројот на луѓето кои ме прашуваат дали сум добро.

54-годишната жена од Вирџинија изјави дека не може да верува дека Меган имала „храброст“ да каже таква примедба со оглед на тоа дека таа никогаш не била покрај нивниот татко, Томас Маркл, додека тој во последните години имал сериозни здравствени проблеми.

Profimedia

– Си помислив: Вау, дали таа некогаш го прашала тато дали е добро после двата срцеви удари?, изјави Саманта.

Саманта исто така ја критикуваше Меган бидејќи се жалела на големото негативно влијание на медимите со кои се соочи откако се омажи за Хари во мај 2018 година.

Точно знаеше што прави, па буквално, го доби тоа што го сакаше. Мислам дека е навистина смешно некој кој е со приватно обезбедување и со приватни авиони и милиони некогаш може да се пожали за било што.

На прашањето за критиката со која се соочила од луѓето кои мислат дека е неправедна кон Меган, Саманта изјави?

– Да се зборува вистината не е зло.

Саманта имаше една убава работа да каже за својата сестра кога ја прашаа за бебето Арчи.

– Пресладок е. Личи на Хари, изјави таа напоменувајќи дека таа на документарецот го видела прв пат убаво, на претходните слики делумно бил сокриен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот