Полска очекува Франција да ги стави на располагање своите нуклеарни капацитети за заедничка европска безбедност

Туск и Макрон / Фото EPA-EFE/MARCIN OBARA

Полскиот премиер Доналд Туск најави дека неговата земја сериозно смета на подготвеноста на Франција да ги стави на располагање своите нуклеарни воени капацитети за заедничка европска безбедност.

Тој вчера ги посети Париз и Берлин по што предупреди дека руската нуклеарна закана не е апстрактна, бидејќи и Варшава и Берлин се во дострелот на руските ракети Искендер.

„Ги сфаќам многу сериозно зборовите на претседателот (Емануел) Макрон дека Франција е подготвена во рамките на своите можности да го искористи својот нуклеарен потенцијал за да стане дел од целокупната европска безбедност. Тие сигнали доаѓаат веќе некое време и треба да им се пристапи многу сериозно“, рекол Туск за време на разговорот со францускиот претседател, пренесоа денеска полските медиуми.

„Тоа се 100 нуклеарни боеви глави, можеби и повеќе. Поради некоја причина тие се модернизирани, а во последно време ги има повеќе во областа Калининград“, рече Туск.

Полскиот министер за одбрана и вицепремиер Владислав Кошњак-Камис денеска изјави дека нуклеарното оружје е многу сериозна работа за која не може да одлучува само една земја.

„Со темата на овој тип оружје не може да се занимава исклучиво една земја, тоа е секогаш сојузничка одлука, тоа мора да биде потврдено од сите сојузнички земји. Тоа е многу чувствителна, многу сериозна тема“, изјави полскиот министер за одбрана за ТВ Полсат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот