Полска испорача неколку борбени авиони на Украина

Фото Архива

Полска веќе и испорача неколку борбени авиони МиГ-29 на Украина, изјави Марчин Пжидач, советник на полскиот претседател за надворешни работи, а пренесува Си-Ен-Ен.

Варшава најави дека на 16 март ќе ги испрати во Киев авионите што нејзината војска ги стави надвор од употреба. „Имаме десетина МиГ-ови што ги добивме во 90-тите од Германската Демократска Република“, изјави тогаш полскиот претседател Анджеј Дуда.

„Тие се функционални и учествуваат во одбраната на нашиот воздушен простор. Тие се на крајот од нивниот оперативен век, но се уште се функционални. Ќе ги замениме со испораки на јужнокорејски ФА-50 и американски Ф-35“, додаде тој.

Украина веќе некое време бара од западните сојузници борбени авиони. Досега на тој повик се одзваа само Полска и Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот