Хрватска/Hrvatski rukometni savez

Политиката вмеша прсти во спортот во Хрватска, Томпсон сепак ќе пее на пречекот на ракометарите

Политичките препирки околу дочекот на хрватските ракометари продолжуваат, а најновите информации од Загреб се дека има нов пресврт, свеченоста сепак ќе се одржи на плоштадот во главниот град.

Ракометарите претходно поставија ултиматум на кој Градот Загреб не се согласи, тие инсистираа на настап на пејачот Томпсон, познат по своите националистички песни. Градоначалникот го одбил барањето, појаснувајќи дека додека тој е на функција, Томпсон нема да настапува на градските манифестации.

Се понудија други градови да го организираат дочекот, но ракометарите го одбија таквиот предлог. Сега, ситуацијата доби нов тек, хрватската влада реши да ја преземе организацијата на настанот. Според најавите, дочекот на ракометарите ќе се одржи на плоштадот во Загреб, а настап ќе има и Томпсон.

Настанот е закажан за во 18 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот