Полицијата „растурила“ журка во познат скопски бар со познати гости, изречени 25 прекршочни

Полициски службеници од СВР Скопје во саботата вечерта, околу 19 часот влегле во скопски бар во непосредна близина на Министерството за здравство, на улицата „50 Дивизија“ и растуриле журка на која што присуствувале бројни проминентни и угледни личности од јавниот живот и од естрадата.

Како што за „Слободен печат“ потврдуваат од МВР, полициските службеници при извршената контрола во угостителскиот објект изрекле 25 прекршочни пријави по член 6 од Уредбата со законска сила со одлука на Владата на РСМ.

Но, од МВР ниту кажуваат за која конкретна Уредба со законска сила се работи, ниту ги даваат иницијалите на гостите на кои им биле изречени прекршочните пријави.

Сепак, оттаму додаваат дека против правното лице, односно против угостителскиот објект, изречена била кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, за непостапување според здравствени прописи во време на епидемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот