Полицијата најде оружје кај млад скопјанец

Против него ОЈО поднесе кривична пријава.

Јавното обвинителство од Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Обвинетиот 30-годишник, на 30 октомври, во неговиот дом на улица „Методија Андонов Ченто“, неовластено држел пиштол V.BERNADELLI GARDONE V.T. со калибар 7,65 мм, со механички отстранет сериски број. При претресот кај него била пронајдена и рамка со седум куршуми за тој пиштол.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, како и на мерката за привремено одземање на патната исправа, со цел да се обезбеди присуството на обвинетиот во текот на постапката против него​.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот