Полицаецот кој задави Афроамериканец доби отказ од работа

Њујоршкиот полицаец Даниел Панталео е отпуштен од работа, пет години откако го задави невооружениот афроамериканец Ерик Гарнер, што потоа предизвика протести поради полициската бруталност.

Полицискиот комесар Џејмс О’Нил соопшти дека го отпуштил Панталео врз основа на неодамнешната препорака од дисциплински суд.

Панталео беше снимен во јули 2014 година, обидувајќи се да го уапси Гарнер, како го турка на земја и со забранет зафат со раката, цврсто го стега околу вратот. „Не можам да дишем”, биле последните зборови на Гарнер, а по неговото убиство почнаа протести и се отвори јавната дебата за расизмот и полициската бруталност.

Адвокатот на Панталео вели дека полицаецот користел разумна количина сила и не сакал да го повреди Гарнер.

Големата порота на Стетн Ајленд и Министертсвото за правда одбија да го истражат случајот, а полицаецот од 2014 година работеше во канцеларија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот