Полицијата употреби солзавец и водени топови врз демонстрантите на антивладиниот протест во Љубљана

Масовни протести во Љубљана против ковид мерките /Фото DARKO BANDIĆ / TANJUG/AP

Словенечката полиција денеска употреби солзавец и водени топови против демонстрантите на антивладиниот протест во Љубљана, во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ.

Стотици демонстранти денеска излегоа на протестот заради острите владини мерки против коронавирусот, а ова е трет ваков инцидент во главниот град на Словенија во последниот месец, пишуваат американските медиуми.

Словенечката полиција постави контролни пунктови и го ограничи сообраќајот и движењето недалеку од Љубљана, каде што ќе се одржи самитот.

Според полициските извештаи, приведен е  водачот на протестот, а запрени се околу 30 автобуси што ги носеле демонстрантите од другите градови во Љубљана.

Полициски хеликоптер прелетуваше над центарот на главниот град, додека полицијата истрела солзавец и употреби водени топови врз демонстрантите кои се движеа низ центарот на Љубљана.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Стоп за корона фашизмот”, барајќи еднакви права за вакцинираните и невакцинираните граѓани.

Како и повеќето земји од Централна и Источна Европа, и Словенија во последните недели бележи зголемување на бројот на заразени со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот