Полицијата приведе три лица од Струмица кои обработувале стебла од канабис

Фото: МВР

Полицијата синоќа уапси три лица од Струмица кои биле затекнати како обработуваат стебла од канабис. Како што информира МВР, приведени се А.А., Н.А. и Е.А. на возраст од 36, 35 и 24 години.

На местото биле пронајдени 29 стебла, кои биле одземени. Исто така, при преглед на Н.А., била пронајдена и марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата биле задржани во полициска станица. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот