Полицијата синоќа уапсила 18 возачи
МВР соопшти дека полицијата синоќа уапсила дури 18 возачи кои биле затекнати како возат без возачка дозвола, биле пијани или возеле со огромна брзина.
Препорачано
Во синоќешните контроли контролата биле изречени вкупно 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци, седум возачи се санкционирани за други сообраќајни прекршоци, а 18 се уапсени.
Осум возачи биле санкционирани и исклучени од сообраќај поради управување моторно возило под дејство на алкохол. Едно лице е лишено од слобода за сторени кривични дела по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ и по член 383 „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста – соопштија од МВР.
Изминатата ноќ целата територија на државата полицијата лишила од слобода 18 лица, од кои седум поради управување возило без возачка дозвола, седум лица поради управување возило под дејство на алкохол, две лица бидејќи управувале возило по истек на важноста на регистрацијата, а исто така и не поседувале возачка дозвола, додека едно лице коене поседувало возачка дозвола било и под дејство на алкохол.
Возачи од Скопје, Велес, Кавадарци и еден малолетник од Тетово биле затекнати како управуваат возила без да поседуваат возачка дозвола, при што малолетникот со голема брзина удрил во електричен ормар на ЕВН и се обидел да ги прегази полициските службеници. Возачи од Свети Николе, Кочани, Прилеп, Куманово, Богданци, Охрид и Скопје управувале возило под дејство на алкохол, додека возач од Република Србија управувал возило со брзина поголема од дозволеното, односно управувал возилото со 203 километри на место каде е дозволено 120. Возачи од Гостивар и Скопје управувале возило без возачка дозвола а исто така и важноста на регистрацијата на возилата им била истечена, додека возач од Македонски брод кој управувал без возачка дозвола бил и под дејство на алкохол – велат од полицијата.
Возачите, кои биле приведени во полициската станица, ќе добијат соодветни пријави.
Млад насилник од Свети Николе крвнички ја претепал бремената девојка, ја заклучил 15 часа во соба


