Фото: EPA/EMMANUEL ADEGBOYE

Полицијата ја откри причината за трагедијата во која загинаа двајца пријатели на Ентони Џошуа

Нигериските безбедносни служби официјално соопштија дека пукање на гума е причината за тешката сообраќајна несреќа во која учествуваше британскиот боксер Ентони Џошуа, а во која трагично загинаа двајца негови блиски соработници.

Џошуа за влакно ја избегнал најлошата можна последица, но сепак се здобил со сериозни повреди. Во несреќата животот го загубија Латиф Ајоделе и Син Гами, лица кои биле дел од неговиот најблизок круг.

Командирот на полицијата во Нигерија информираше дека возилото марка „Лексус“ излетало од патот откако при голема брзина пукнала гумата, по што возачот ја загубил контролата.

Како што наведуваат надлежните, Џошуа преживеал бидејќи се наоѓал на левата страна од автомобилот, додека возачот е хоспитализиран и се наоѓа на одделението за интензивна нега.

Преземео од: Спорт.ком.мк

Џошуа учествувал во сообраќајна несреќа во која загинале двајца луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот