Фото: EPA/FILIP SINGER

Пола од увезениот керозин минува низ Ормускиот Теснец, државите да бидат на готовс за да има резерви за лето, повика Европската комисија

Европската комисија (ЕК) ги повика земјите-членки на Европска Унија да бидат подготвени и заедно да работат за да се избегне недостиг на керозин за време на претстојната сезона на летни одмори, соопштија од Комисијата, пренесува Браселс тајм.

„Достапноста и оперативниот капацитет на европскиот сектор за рафинирање на нафта мора да биде на максимум за да се задоволи моменталната побарувачка, особено за гориво за авиони, бидејќи приближно 40 проценти од нашата потрошувачка на гориво за авиони се увезува, а околу половина од целиот увоз поминува низ Ормускиот Теснец“, се наведува во препораката на ЕК.

Комисијата нагласува дека земјите-членки, мора тесно да ги координираат националните мерки во врска со достапноста на керозин и дизел. Ова е со цел да се спречи земјите-членки да се натпреваруваат меѓусебно и дополнително да ги зголемат цените.

Во принцип, земјите-членки мора да ги имаат своите складишта исполнети до 90%, но ова може да се намали на 80% под одредени околности. Комисијата е подготвена да го намали тој праг за дополнителни 5% доколку е потребно.

„Комисијата ќе работи на мерки за да обезбеди европските рафинерии да работат со полн капацитет за време на енергетската кризата. Тие имаат капацитет да покријат околу 70% од потрошувачката на керозин“, соопштија од ЕК.

Најави дека ќе воспостави и опсерваторија наменета да ѝ овозможи на Европската Унија брзо да реагира. Опсерваторијата ќе го следи производството, увозот, извозот и резервите на керозин и други транспортни горива во ЕУ. Ова треба да овозможи брзо идентификување на евентуални недостатоци и преземање насочени мерки за да се обезбеди „рамномерна распределба на горивото“ доколку се ослободат итните резерви.

Мерц: Недостиг на керозин ја погодува Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц пред два денови изјави дека федералната влада е подготвена да реагира на можен недостиг на керозин во Европа, додавајќи дека снабдувањето е тешко, но сепак стабилно.

Како што објавија медиумите, тој исто така најави дека владата наскоро ќе го свика Советот за национална безбедност за да разговара за снабдувањето со енергија.

„Наскоро ќе го свикаме Советот за национална безбедност за да го разгледаме прашањето за безбедноста на снабдувањето“, рече Мерц, нагласувајќи дека економијата и граѓаните мора да имаат сигурно снабдување со клучни извори на енергија како што се дизел, бензин и авионско гориво.

Недостиг на керозин ја погодува Германија, закани за авиосообраќајот

Луфтханза“ крати 20.000 летови поради скап керозин

Поради високите цени на керозинот и укинувањето на регионалната подружница Ситилајн, германската авиокомпанија „Луфтханза“ значително го редуцира својот летен распоред. До октомври ќе бидат откажани вкупно 20.000 летови на кратки релации, а мерката ќе влијае на голем број европски дестинации.

Од компанијата соопштија дека ова ќе резултира со заштеда од околу 40.000 тони керозин, чија цена, според  „Луфтханза“,се удвоила од почетокот на војната со Иран. Информацијата беше објавена од  седиштето на групацијата во Франкфурт.

Со новите корекции, „Луфтханза“ има за цел да го намали бројот на економски неисплатливи кратки летови.

„Луфтханза“ крати 20.000 летови поради скап керозин

ИЕА: За пет-шест недели може да секне снабдувањето со керозин

Меѓународна агенција за енергија (ЕИА) процени дека вистински проблем со снабдувањето со керозин може да се појави во рок од пет до шест недели како резултат на војната на Блискиот Исток и тековното затворање на Ормускиот Теснец.

„Сè уште не сме таму, но би можеле да завршиме во ситуација што би предизвикала вистински проблеми. Нашата економија зависи од способноста да се лета. Луѓето сакаат да одат на одмор, многу региони и градови зависат од туризмот и се многу загрижени“, изјави европскиот комесар за енергија Дан Јоргенсен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот