Пол Макартни: Ме шокираше она што ми го кажа Џон Ленон пред смртта

Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Англискиот пејач Пол Макартни, кој е еден од основачите на легендарните „Битлси“, гостуваше во поткастот на радиото „iHeart“.

Меѓу другото, тој се осврна на животот на Џон Ленон и откри дека покојниот музичар долги години размислувал за смртта пред да биде убиен пред неговиот стан во Њујорк на 40-годишна возраст.

Макартни откри дека Ленон бил нервозен што не знаел како луѓето ќе го паметат по неговата смрт.

„Се сеќавам дека беше загрижен како луѓето ќе го паметат кога ќе умре и тоа многу ме шокираше. Реков дека сите ќе го паметиме како одличен музичар затоа што направи многу за да го докаже тоа“, изјави Макартни.

„Битлси“ / Фото: The Hollywood Archive / Avalon / Profimedia

„Бев, на некој начин, како негов свештеник. Честопати морав да му кажам: ‘Сине, ти си одличен, не се грижи за тоа’, и тој ќе го прифатеше тоа. Тогаш се чувствуваше многу подобро“, додаде тој.

Макартни, кој денес е на 81-годишна возраст, откри и како е било да се работи со Ленон.

„Кога некој ќе ме праша како е да се работи со Џон, велам дека беше неверојатно“.

Тој се присети и на моментот кога дознал дека Ленон е убиен на 8 декември 1980 година, а веста за неговата трагична смрт одекна низ светот.

„Не можев да се изјаснам со зборови. На сите им беше тешко бидејќи беше толку сакан и луд тип. Тој беше навистина посебен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот