Погребан Кирк Даглас: Синот Мајкл и Кетрин Зета Џонс го испратија легендарниот актер на вечен починок (ФОТО)

Познатиот американски актер Кирк Даглас вчера беше погребан во Лос Анџелес, два дена откако почина на 104-годишна возраст.

Според „Фокс њуз“, Даглас во неговиот вечен дом, на гробиштата Вествуд, го испратиле членови на семејството, меѓу кои и синот, славниот холивудски актер Мајкл Даглас (75).

На погребот присуствувале и другите двајца синови на Кирк, Питар и Џоел.

Фото: Профимедиа

На погребот можеше да се забележи и неговата сопруга Ен Бајденс која има сто години, а заедно во брак минале 65 години.

Покрај Мајкл Даглас, на погребот присуствувала и неговата сопруга, исто така познатата американска актерка, Кетрин Зета Џонс.

Фото: Профимедиа

Кирк Даглас е роден на 9 декември 1916 година, како Ишур Даниеловиќ во градот Амстердам во сојузната држава Њујорк, во сиромашно семејство на еврејски имигранти кои потекнувале од место во денешна Белорусија.

Пред да се приклучи на американската морнарица во 1941 година, името Изи Демски, кое го користел дотогаш, официјално го променил во Кирк Даглас.

Фото: Профимедиа

Од почетокот на актерската кариера во 1946 година, легендарниот Кирк оствари повеќе од 90 филмски улоги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот