Фото: EPA-EFE/VALDA KALNINA

Американски ловец „Ф-35“ е погоден над Иран, пилотот морал да слета во база

Американски ловец „Ф-35“ принудно слетал во американска воздушна база на Блискиот Исток, откако наводно бил погоден од иранската противвоздушна одбрана, пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на два извора запознаени со ситуацијата на терен.

Капетан Тим Хокинс, портпарол на американскиот Команден центар, потврди дека ловецот од петтата генерација „изведувал борбена мисија над Иран“ кога морал да изврши принудно слетување.

„Авионот безбедно слета, а пилотот е во стабилна состојба. Овој инцидент е во фаза на истрага“, изјави Хокинс.

Овој инцидент би бил првпат Иран да погоди американски авион во војната што започна кон крајот на февруари. И САД и Израел користат Ф-35 во конфликтот, а цената на еден ваков авион надминува 100 милиони долари.

Како изгледал нападот врз Иран? САД открија детали како Ф-35 ја проби иранската воздушна одбрана

Принудното слетување се случува во момент кога високи американски функционери продолжуваат да тврдат дека нивната кампања против Иран бележи успеси.

Министерот за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека САД „дефинитивно победиле“ и дека иранските противвоздушни системи се „целосно уништени“. Тој најави дека Америка ќе го изврши најголемиот бран напади врз Иран досега, наведувајќи дека воздушната одбрана и воената индустрија на Иран веќе се сериозно погодени.

„И денес, како и вчера, ќе биде спроведен најголемиот пакет на удари досега“, рече Хегсет во обраќањето во врска со ситуацијата во Иран, пренесе британски Индепендент.

Во исто време, Хегсет изјави дека европските сојузници се „неблагодарни“ и треба да му се заблагодарат на претседателот Доналд Трамп, за водењето војна против Иран, оценувајќи дека Техеран претставува директна закана за глобалната безбедност.

Хегсет: Европските сојузници се неблагодарни

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот