Инстаграм

Погледнете што направија Дуа Липа и Анвар Хадид во Приштина (ВИДЕО)

Дуа Липа синоќа пристигна во Приштина, каде што ќе биде дел од „Sunny Hill Festival”. Заедно со неа е и нејзиното ново момче, Анвар Хадид, коj престојува за прв пат во Косово. Со постирање на социјалните мрежи, Анвар се чини дека е голем ентузијаст за оваа посета.

Хадид и Липа синоќа се прошетаа низ улиците во Приштина, а во едно видео се гледаат двајцата како се качуваат во обелискот на независноста на Косово “Newborn”, пренесува Телеграфи.

Инаку Фондацијата „Sunny Hill“, создадена од Дуа Липа и нејзиниот татко, Дукаѓин Липа, заедно со Општина Приштина, денеска најавија создавање музичка академија за млади таленти во Косово.
Градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети на заедничка прес-конференција со Дукаѓин и Дуа Липа, најави дека Фондацијата „Sunny Hill“ заедно со Општина Приштина ќе инвестираат 150 илјади евра за реализација на проектот „Sunny Hill Academy“, пренесува Приве.

Dua Lipa te Newborni

Dua Lipa te Newborni

Publiée par N’Rm I sur Vendredi 2 août 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот