Погба тргна во војна со англискиот таблоид поради лажната вест, подготвува тужба

фото: твитер

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба најави дека ќе ги тужи британските таблоиди и секој што шири лажни вести дека тој ќе се повлече од француската репрезентација.

Англискиот таблиод „Сан“ го потресе фудбалскиот свет откако повикувајќи се извори од Блискиот исток, пренесе дека Пол Погба ќе се повлече од француската репрезентација поради изјавите на претседателот Емануел Макрон за Исламот. Макрон убиството на професот во предградие на Париз го нарече „исламски терористички напад“.

Погба веќе објави дека ова е лажна вест, а сега најави дека ќе оди до крај и планира да поднесе тужба против сите таблоиди кои шират невистини за него.

Погба демантира дека се повлекува од репрезентацијата

Јас сум било како облик на насилство и терор. Мојата религија се мир и љубов и тоа мора да се почитува. За жал некои луѓе од медиумите не се однесуват одговорно додека пишуваат вести, ја злоупотребуваат слободата на медиумите и не проверуваат дали е вистина тоа што го пишуваат. Така создаваат синџир на озборување без грижи како тоа ќе влијае на животот на луѓето вклучувајќи го и мојот. Поради тоа планирам да покрена законска постапка против издавачите и дистрибутерите на овие лажни вести“, објави Погба.

Погба се повлекува од репрезентацијата поради претседателот Макрон?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот