Настанот ќе се одржи на 31 јули, со почеток во 20 часот, во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

Поетски терариум со Филипа Сара Попова ќе се одржи во Прилеп

Литературно-издавачката дејност при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ја продолжува својата серија литературни промотивни настани со летни вибрации.

„Поетскиот терариум“ е замислен како настан со поетско-дебатен дискурс чиј примарен фокус ќе биде промоција на дебитантската поетска збирка на Филипа Сара Попова (1998) – „Скршен терариум“.

За оваа збирка Попова ја доби поетската награда „Млада Струга“ во 2024 година за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант доделена од НУМ „Струшки вечери на поезијата“.

Преку луциден, бескомпромисен автореференцијален преиспитувачки стихопис, Попова со својот израз исполнет со отсечни поетски слики, предизвукува на отворен дијалог за актуелниот статус, состојба и релевантност на поезијата во современ контекст, но и на потребата од превреднување на самата реалност преку поезијата.

Разговорот ќе го води Кирил Бисероски. Модератор на настанот ќе биде Александар Еленин. Стихови ќе чита актерката Даниела Иваноска. Поетската вечер со музички вибрации ќе ја облагороди Андријана Дукоска на виолончело, известија од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот