Поетската збирка „Еx Voto“ на Соња Здравковска Андоновиќ ќе биде промовирана во „Ко-Ра“

Поетската збирка е во издание на „Дијалог“

Промоцијата на поетската збирка „Ex Voto“ на м-р Соња Здравковска Андоновиќ ќе се одржи на 12 април, со почеток во 19.30 часот, во галеријата „Ко-Ра“ во големиот салон на ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“, спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје.

Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Ана Мартиноска, додека улогата на модератор ќе ја има телевизиската водителка Александра Велинова. Книгата е издание на „Дијалог“ од Скопје.

Авторката Соња Здравковска Андоновиќ е родена на 5.3.1972 година, во Битола. Дипломирала на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик во 1996 година. Завршила магистерски студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2012 година.

Таа работи како професорка по македонски јазик и литература во средно образование од 1996 година. Пишува поезија од најрана возраст. Во наставата, своите ученици несебично ги запознава со убавините на пишаниот збор, но и со убавината на македонскиот јазик.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 174, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 8-9.4.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот