Подигнати 40 кубни метри кабаст отпад од општина Чаир – Слободен печат
ВестиСкопје

Подигнати 40 кубни метри кабаст отпад од општина Чаир

Од претпријатието информираат дека во претстојниот период ќе бидат спроведени акции за собирање кабаст отпад и во останатите скопски општини

Екипите на ЈП Комунална хигиена“Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 40 кубни метри кабаст отпад, во рамките на акцијата што се одвиваше во периодот од 16 до 19 јули 2019 година, во општината Чаир.

На четири фреквентни локации во оваа скопска општина беа поставени специјални контејнери за собирање кабаст отпад, во коишто граѓаните го исфрлаа стариот мебел, како и отпадот од електричната и електронската опрема.

Од претпријатието информираат дека во претстојниот период ќе бидат спроведени акции за собирање кабаст отпад и во останатите скопски општини.Од таму апелираат до граѓаните овој вид на отпад да го исфрлат во рамките на организираните акции, а во останатиот период од годината да ја искористат можноста старите кревети, душеци, санитарии, фрижидери, тв-приемници, шпорети и останатите електрични и електронски уреди бесплатно да ги депонираат во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close