Подгорица: Илјадници луѓе на најмасовниот протест досега против Закон за слобода на вероисповед

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Илјадници луѓе се собраа во Подгорица на досега најголемиот протест против црногорскиот Закон за слобода на вероисповед, за кој Српската православна црква (СПЦ) тврди дека е насочен против неа и нејзините имоти.

Спорниот закон од декември минатата година на сите верски заедници кои делуваат во земјата им налага да се регистираат и да докажат сопственост над имоти кои ги поседувале и пред 1918 година, кога Црна Гора е соединета со Кралството Србија.

СПЦ инсистира на тоа дека целта на таквата регистрација е таа да биде понижена и дека владата во земјата настојува да изврши експропријација на нејзината сопственост од средниот век, вклучувајќи ги и црквите, манастирите и имотите.

Црквата од почетокот на година редовно води протести во поглем дел од градовите. Денес на протестите пристигнаа жители од целата држава.

Од друга страна, властите велат дека со законот сакаат да доведат ред во евиденцијата.

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој како претседател или премиер на власт е во земјата без прекин од 1990 година, ја обвинува Србија и Русија дека ја користат верата за да направат проблеми во неговата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот