Фото: Принтскрин

Поддржувачите на Мадуро излегоа на улица

Поддржувачите на венецуелскиот претседател Николас Мадуро се собраа денеска на улиците на главниот град Каракас, кревајќи стиснати тупаници и извикувајќи слогани за поддршка, по нападите на САД врз јужноамериканската земја.

Засега не е познато колку луѓе одговориле на повикот на властите да излезат на улиците и да протестираат против американската акција, објави CBS News.

Порано денес, венецуелската влада повика на масовни протести од поддржувачите по американските воени напади извршени рано утрово.

„Луѓе, излезете на улиците! Боливарската влада ги повикува сите општествени и политички сили во земјата да ги активираат плановите за мобилизација и да го осудат овој империјалистички напад“, се вели во соопштението на венецуелската влада.

Во соопштението се додава дека претседателот Николас Мадуро „наредил спроведување на сите национални одбранбени планови“ и прогласил „состојба на надворешна закана“, што му дава овластување да суспендира одредени права на граѓаните и да ја прошири улогата на вооружените сили.

Соединетите американски држави денес извршија воздушни напади врз Венецуела и го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес и ги извеле од земјата.

Главната обвинителка на САД, Пам Бонди, објави дека двојката Мадуро ќе се соочи со обвинението поднесено против нив од судот во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот