Поддржувач на Болсонаро до смрт избодел симпатизер на противкандидатот Лула
Поддржувач на екстремно десничарскиот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, избодел до смрт поддржувач на противкандидатот Луис Инасио Лула да Силва, во најновиот пример на зголемени политички тензии во текот на овогодинешните избори во јужноамериканската земја, пренесува Гардијан.
Препорачано
Насилството се случи во централната западна држава Мато Гросо, откако по вербалната расправија, ситуацијата набрзо ескалирала, по што поддржувачот на Болсонаро го нападнал поддржувачот на Лула.
Според полицискиот извештај, Рафаел Силва де Оливеира (24) го убил Бенедито Кардосо дос Сантос (42) прободувајќи го со нож. Осомничениот бил приведен во полициска станица каде признал и добил кривична пријава.
Зборувајќи со новинарите во Рио де Жанеиро во петокот, Лула го коментираше прободувањето, велејќи дека има „клима на омраза во изборниот процес, која е сосема ненормална“. Лула, исто така, предложи органите за спроведување на законот да истражат дали таквите напади „биле нарачани, или водени или дали тоа е политичка стратегија“. Тој не даде никаков доказ за да ги поткрепи сугестиите за оркестрирани напади.


