Почнува пријавувањето за бесплатна вакцина против грип во земјава

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ризичните групи граѓани од денеска може да се пријават за бесплатна вакцинација против сезонски грип на следниот линк.

Со пополнување на апликацијата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате.

Со цел да се обезбеди заштита кај поголем број лица од сезонски грип, оваа година Министерството за здравство ја зголеми количината на набавени вакцини, при што се набавени 60.000 дози четиритипни
вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација, велат од Министерството за здравство.

Со бесплатна вакцинација ќе бидат опфатени старите лица над 65 години, лицата со хронични заболувања, здравствените работници, бремените жени, децата на возраст од 6 месеци до 5 години, лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

Вакцинацијата ќе почне да се спроведува во втората половина на октомври. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција грип, која спречува потешки форим компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот