Почна средбата меѓу претседателот Вучиќ и специјалниот претставник на ЕУ Лајчак во Белград

epa08748744 EU Special Representative for the Pristina-Belgrade Dialogue Miroslav Lajcak (L) and Serbian President Aleksandar Vucic (R) shake hands during the press conference after their meeting in Belgrade, Serbia, 15 October 2020. EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Нешто по 18 часот во зградата на претседателството започнала средбата меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, пренесуваат регионални медиуми.

Портпаролот на Европската комисија Петер Стано претходно денеска потврди дека Лајчак ги поканил главните преговарачи на Белград и Приштина да ги продолжат разговорите во вторник на 19 март, за одлуката на таканаречената Централна банка на Косово да го укине динарот, која се донесе пред неколку недели.

Американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој во последните неколку дена престојуваше во Приштина, рече дека не успеал да го убеди премиерот на Косово, Албин Курти, да одговори за загриженоста на Западот во врска со забраната за употребата на динарите во Косово, но дека се надева дека на средбата на главните преговарачи во вторник во Брисел ќе се најде итно решение.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот