Почна снимањето на реалното шоу „Squid Game“: Натпреварувачите се жалат на условите личеле на војна

Инстаграм / @squidgame_netflix

Новите натпреварувачи од претстојното реално шоу на „Нетфликс“, познато како „Squid Game“ , се пожалиле дека снимањето наликува на вистинска воена зона. Светските медиуми известуваат дека барем еден натпреварувач бил повреден за време на една игра во реалното шоу. Продуцентите и „Нетфликс“ го негирале ова и изјавиле дека на снимањето немало сериозни повреди, пренесува американскиот магазин Инсајдер.

– Се грижиме за здравјето и безбедноста на нашите вработени и екипата и инвестиравме во сите соодветни процедури за безбедност. Иако беше многу студено на снимањето, а учесниците беа подготвени за тоа, сите тврдења за сериозни повреди не се точни – изјавиле од „Нетфликс“.

Минатата година „Нетфликс“ го одобри снимањето на реалното шоу „Squid Game“: предизвикот“, базирано на корејската серија „Squid Game“. Како и во серијата, 456 учесници во реалното шоу ќе се натпреваруваат во помалку опасни игри инспирирани од оние во серијата. Победникот ќе добие награда од 4,56 милиони долари.

Инаку снимањето на реалното шоу започна неодамна во Англија. Температурите во текот на првите денови биле околу 0 Целзиусови степени, пишуваат медиумите.

– Беше како воена зона. Се носеа луѓе со брза помош, но не можевме да кажеме ништо. Ако зборуваш, излегуваш од играта. Некои луѓе не можеа да ги мрдаат стапалата бидејќи беше многу студено – изјавил еден натпреварувач за медиумот „Сан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот