Почна седницата на која треба да се гласа законот за ЈО

Собрание / фото: Влада на РСМ

Со задоцнување од час и половина, почна 135. собраниска седница што беше закажана за 11 часот и на која треба да се гласа за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители.

Расправата за законот за јавно обвинителство почна во петокот и заврши доцна вечерта, а спикерот Џафери најави дека гласањето ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство. Седницата 135. продолжи вчера во 13 часот со расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители. Двата закона, со европско знаменце, се носат по скратена постапка, а за гласање е неопходно двотретинско мнозинство.

Расправата за измените и дополнувањата на Законот за одбрана почна и заврши вчера. Но, на 123. седница, освен оваа точка по која треба да се гласа и за што е потребно двотретинско мнозинство, ставени се и други законски решенија, меѓу кои измените за Изборниот законик предложени од група пратеници за една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност на листите, за кои се поднесени неколку илјади амандмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот