Почна реконструкција на улицата „Борис Сарафов“, инвестицијата ќе чини 36,6 милиони денари

Фото: МИА

Екипите на Град Скопје денеска ги почнаа градежните работи за реконструкција на улицата „Борис Сарафов”. Покрај улицата, во овој проект е предвидена и изградба на нова водоводна, фекална и атмосферска канализација, на потегот од крстосницата со улицата „Македонска војска” до крстосницата со улицата „Сремски фронт”.

Со овој проект целосно ќе се реконструира коловозот на улицата „Борис Сарафов”, на потегот од крстосницата со улицата „Македонска војска” до крстосницата со улицата „Кузман Шапкарев”, со вкупна должина од околу 1.700 метри.

На овој потег целосно ќе се отстрани стариот и оштетен коловоз и ќе се постави нов асфалт (АБ 11) со дебелина од пет сантиметри на површина од околу 18.000 квадратни метри.

Работите на терен ќе ги изведува компанијата „Жикол”, а рокот за изведба е 90 дена.

За реализација на овој проект Град Скопје ќе потроши 36,6 милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот