Почина жената од Неготино за која пееше цела Југославија, неверојатна приказна се крие зад оваа песна
Вчера во Неготино почина жената за која пееше цела Југославија, а малкумина знаеја дека овој голем хит е напишан за девојка од Македонија. Станува збор за Милена, жената која беше инспирација за легендарниот хит „Моја Милена“.
Препорачано
„Со големо жалење ја споделуваме веста дека почина Милена, жената чија деликатност и животна приказна станаа вечен дел од југословенската музичка историја. За пошироката јавност таа беше инспирацијата за безвременскиот хит на ‘Нови фосили’, но за нашето семејство, таа беше мојата тетка, родена сестра на мојот татко.
Речиси и да нема човек од повозрасните генерации кој не ги знае стиховите на оваа песна, но помалку е познато дека таа е посветена токму на Милена од Неготино“, објави внуката на Милена, Мира Митрова.
Песната ја напиша некогашниот фронтмен и клавијатурист на легендарната група „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ. Тој своевремено за хрватските медими изјави дека инспирацијата за култниот хит „Милена генерацијо“ била девојка од Неготино, која ја запознал една вечер на почетокот на осумдесеттите години во Херцег Нови.
Еден од најголемите хитови на популарната група е посветен на Милена од Македонија, поточно од Неготино. Дујмиќ и Милена разговарале цела ноќ тоа лето во Херцег Нови, а откако му раскажал за средбата на познатиот текстописец Зрнико Тутиќ, тој ги напишал стиховите за Милена.
„До рано наутро седeвеме и разговаравме со Милена, која ми е генерација. Потоа ѝ реков: ‘Милена, ќе завршиш во песна’. Таа не ми веруваше, мислеше дека тоа ѝ го кажувам на секоја девојка.
‘Сега ќе се разделиме и можеби никогаш повеќе нема да се сретнеме, но ќе видиш дека јас не лажам’.
По две години дојдовме во спортската сала во Неготино во рамките на турнејата која го носеше името ‘Милена, генерацијо’. Ми пријде обезбедувањето и ми кажа дека ме бара жена со две деца и маж, која тврди дека ме познава. Тоа беше мојата Милена. Се расплака и ми рече дека не може да поверува како е ова можно“, изјавил своевремено Рајко Дујмиќ.
Големиот хит „Милена, генерацијо“ е дел од албумот „После свега“, објавен во 1983 година.
Рајко Дујмиќ загина во сообраќајна несреќа во јули во 2020 во Хрватска.
Проклетството кое ги следеше членовите на групата „Нови фосили“


