Почина Страхиња Стојановиќ чиј автомобил експлодираше во Белград: Ова не е првпат тој да е мета на атентат

Фото: Инстаграм

На улицата „Омладинска бригада“, во Нов Белград, денеска експлодираше бомба подметната под автомобил, во кој според првичните информации од српските медиуми се наоѓале Страхиња Стојановиќ и странска државјанка, на возраст од околу 45 години.

Тие биле пренесени во болница со тешки повреди, меѓутоа Стојановиќ починал од последиците на експлозијата.

Стојановиќ се поврзува со убиството на познатиот адвокат Драгослав Мише Огњановиќ, а ова е вторпат да има обид за атентат врз него, но овој пат тој беше успешен. Во претходниот обид исто така беше подметната бомба под автомобил, каде при детонацијата беше бившата мис на Шпанија, Олат Билбао Гонзалес. Таа била тешко повредена, а тој во моментот не бил во автомобилот, па од несреќата излегол неповреден.

Се тоа се случило две недели по убиството на познатиот белградски адвокат Огњановиќ, па од старт се сметало дека двата случаи се поврзани. Огњановиќ и самиот рекол дека се сомнева дека Стојановиќ го постојано го следи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот