Почина синот на славниот композитор Ендру Лојд Вебер, од рак на желудникот

Фото: Инстаграм

Синот на славниот композитор Ендру Лојд Вебер (74), Николас Вебер, почина од рак на желудникот, на 43-годишна возраст. Тажната вест ја потврди Ендру на својот твитер-профил.

„Скршен сум што морам да објавам дека мојот сакан постар син Ник почина пред неколку часа во болницата Бесингсток. Целото семејство е заедно и сите сме апсолутно очајни“, напиша композиторот.

 


Рик Мирамонтез, портпаролот на легендарниот композитор, изјави за „Пејџ сикс“: „Ендру го сакаше и го ценеше талентот на Ник како композитор и продуцент. Тие беа исклучително блиски за време на животот на Ник. Ник го задржа своето препознатливо добро расположение до крај“.

Ендру претходно изјави дека минува низ најтешките моменти во животот поради тешката болест на неговиот син.

„Целосно сум скршен што морам да кажам дека мојот најстар син Ник е критично болен. Како што знаат моите пријатели и семејството, тој се бори со рак на желудникот во последните 18 месеци и Ник сега е хоспитализиран“, објави Вебер претходно на социјалните мрежи.

 

„Затоа, не можев да присуствувам на неодамнешната претпремиера „Bad Cinderella“ и како што стојат работите, нема да можам да ја бодрам нивната актерска постава, екипата и оркестарот на премиерата оваа недела. Сите се молиме Ник да успее. Тој се бори храбро со неговиот незадржлив хумор, но во моментов моето место е покрај него и покрај моето семејство“, додаде тој.


Николас, кој Ендру го доби со поранешната сопруга Сара Хугил, тргна по стапките на својот славен татко. Тој сними музика за сериите на „Би-би-си“ „Love, Lies and Records“, заедно со филмот „The Last Bus“, а дури беше номиниран за Греми откако во 2021 година снимаше за „Cinderella“.

Николас во претходните интервјуа откри дека го отфрлил Лојд од презимето за да не биде оценуван според заслугите на неговиот татко, туку според неговите сопствени заслуги.

 

Фото: Wikimedia Commons

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот