Ристо Ице Ќорнаков

Почина Ристо Ќорнаков, клавијатуристот на култниот бенд „Зијан“

На 61 година завчера почина Ристо Ице Ќорнаков, клавијатуристот на култната македонска група „Зијан“. Неговиот последен настап беше на 7 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје, каде со членовите на групата одржаа концерт по 42 години.

Ќорнаков беше љубител на музиката, свиреше клавијатура, велеше дека музиката му прави ќеф, а дека по професија е дизајнер на ентериери и производител на уникатен мебел. Работеше во својата работилница во Мрзенци, гевгелиско каде и живееше со своето семејство.

Ристо беше гевгелиски ученик, гевгелиски лик, гевгелиска естрадна ѕвезда заедно со „зијанците“, мирен и тивок, а маркантен по својата појава и музичко дело, пишува порталот „Гевгелијанет“.

Ќорнаков беше погребан вчера на гробиштата во Мрзенци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот