Почина проф. д-р. Јордан Јовев, доајен на македонската психијатрија

Проф. Д-р Јордан Јовев ќе остане запаметен како основоположник на социјалната психијатрија и лекувањето на болестите на зависност во Македонија / Фото: Дума
Денеска во 93-тата година од животот, по кратко боледување, почина проф. д-р. Јордан Јовев, редовен професор по психијатрија и неврологија на Медицинскиот факултет во Скопје и Професор на постдипломските студии на Универзитетот во Загреб. Тој е еден од доајените на македонската психијатрија и основоположник на социјалната психијатрија и лекувањето на болестите на зависност во нашата земја.

Професор Јовев во текот на својата многугодишна кариера извршувал низа високи стручни и раководни функции во Македонија, поранешна Југославија, како и меѓународни експертски функции во странство и формирал повеќе стручни институции и служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот