Почина оперската легенда Џеси Норман

урбанбаг.нет

Џеси Норман е родена на 15 септември 1945 година во американската држава Џорџија, а поголемиот дел од раната кариера го поминала во Европа.

Норман, која како дете пеела госпел во црковниот хор, со години ја градеше оперската кариера низ Европа, пеејќи за германски и италијански оперски куќи. Од 1962 година, дебитира во операта во Филаделфија, а следната година ја освојува и славната опера „Метрополитен“. Во средината на 80-тите беше меѓу најбараните сопранистки во светот.

Норман пеела на втората ингурација за американските претседатели Роналд Реган и Бил Клинтон, но и на отварањето на Летните олимписки игри во 1996 година, како и на Меморијалот за жртвите од нападите на 11 септември, во 2002 година.

Има освоено четири Греми награди, Греми за животно дело, како и признание од центарот „Кенеди“.

На 48-то „Охридско лето“ одржа концерт за паметење. Нејзиниот раскошен глас остави печат на величина на уметник, ги помести границите на врвната уметност која може да се доживее на нашата сцена, ги урна рекордите на посетеност…. Таа ноќ насловена „Од Америка со љубов“ ќе остане засекогаш во фестивалската историја на „Охридско лето“ како еден од највеличенствените и најексклузивните настани на Античкиот театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот