Почина новинарката Ирена Радовановиќ
По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство во изминатите децении.
Препорачано
Новинарската кариера Радовановиќ ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година, каде работеше до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2004 година станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 г. на дневниот весник „Македонија денес“ и неделникот „Денес“. Работела и во политичкиот неделник „Форум“, во весникот „Дневник“ и во радиото „Слободна Македонија“.
Дел од тимот на новинската агенција МИА станува во 2014 година како новинар во внатрешно-политичката редакција и новинар-аналитичар. Со нејзиното заминување, македонското новинарство загуби посветен професионалец, кој трајно ќе остане запаметен.
Погребот ќе се изврши утре на гробиштата во Радишани во 11:00 часот (капела во 10:30).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
22мин
-
28мин
-
37мин
-
58мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


