Кире Митрев - Фото: Фејсбук

Почина македонскиот музичар, аранжер и композитор Кире Митрев, основач на „КИМ“ бенд

Музичарот, аранжер и композитор Кире Митрев почина на 78-годишна возраст во Минхен, беше објавено на неговиот Фејсбук профил.

Во соопштението се наведува дека Кире Митрев починал во болницата „Марта Марија“ во Минхен по долга борба, опкружен со членови на семејството.

Кире Митрев е роден во Битолско во семејство на аматерски музичари и почнал да свири гитара на петгодишна возраст, а своето музичко образование го започнал на единаесетгодишна возраст. Свирејќи изворна македонска музика во народни оркестри на културно-уметнички друштва, тој го откри богатството на латентни хармонии што изобилуваат во македонскиот фолклор. Свирејќи класична музика, изгради стилски израз инспириран од неговата сензибилност. Тромбонот беше неговиот главен инструмент, а преку класичната музика изгради специфичен израз што се разви по неговото пристигнување во Белград.

Во тоа време, покрај тоа што ја градел солистичката кариера, Митрев придружувал многу познати музичари на турнеи низ Југославија и Европа, а потоа се специјализирал на прочуениот колеџ Беркли во САД. Подоцна, Митрев ги собра најдобрите џез и фанк музичари околу себе во групата „КИМ“, која брзо стекнала голема популарност.

Митрев неколку години беше солист во театарот „Теразије“, а подоцна ја продолжи кариерата во Минхен, каде што беше член на меѓународен биг бенд кој соработуваше со некои од најголемите светски ѕвезди.

Во јануари оваа година, Кире Митрев беше еден од уметниците кои ја примија националната пензија на Република Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот