Фото: EPA/VALDA KALNINA

Почина легендарниот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ

Легендарниот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ почина во Белград, Србија. Вујошевиќ долго време страдаше од сериозни здравствени проблеми, првенствено со бубрезите, а преживеа и трансплантација во Белорусија во 2025 година.

Во март оваа година, тој беше хоспитализиран по ненадејно влошување на неговото здравје, предизвикано од проблеми со срцето и белите дробови.

Вујошевиќ имаше 67 години и со години имаше здравствени проблеми предизвикани од дијабетес.

Тој остави најдлабок белег во кошарката како тренер на Партизан.

Во текот на својата кариера, тој ги освои титулите шампион на Југославија, Србија и АБА лигата, а во неговата колекција е и трофејот од ФИБА Купот Кораќ. Со КК Партизан стигна до завршната четворка на Евролигата во 2010 година.

Неговиот последен тренерски ангажман беше во Клуж во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот