Почина легендарниот актер Десимир Станојевиќ, познат како Вукашин од „Среќни луѓе“

Српскиот актер Десимир Станојевиќ почина утрово на 69-годишна возраст, јавија српските медиуми. Актерот бил пронајден мртов во својот стан. Веста ја потврди неговиот пријател и продуцент Оливер Пауновиќ.

Актерот на регионалната публика ѝ беше познат по улогата на Вукашин Голубивиќ од серијата „Среќни луѓе“.

Станојевиќ е роден на 7 октомври 1950 година во Ниш. Беше театарски и телевизиски актер.

Играл во Народениот театар во Ниш од 1970 до 1990, а од 1991 година беше член на ансамблот на Театар на Теразије.

Глумеше во сериите „Полицаецот од Петловото Брдо“, „Село гори, а баба се чешла“ и други, како и во филмовите „Ќе бидеме прваци на светот “ и „Новогодишна приказна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот