Фото: Wikimedia

Почина францускиот дипломат Франсоа Леотар, „олеснувачот“ во преговорите за Охридскиот договор

Денеска на 81-годишна возраст почина францускиот политичар и дипломат Франсоа Леотар. Веста ја објави францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер.

-Франсоа Леотар ѝ служеше на државата и носеше одлична идеја за културата. Со неговото заминување губиме слободен дух, човек на книгите и посветеноста. Неговиот роден Вар, Франција што ја бранеше и Републиката што ја сакаше, денес чувствуваат голема загуба“, напиша Макрон.

Леотар ѝ е познат на македонската јавност како специјален претставник на ЕУ за време на конфликтот во 2001 година и еден од „олеснувачите“ за постигнување на Охридскиот рамковен договор. Тоа беше неговата последна политичка или дипломатска функција, по која се повлече од политиката и отвори тинк-тенк посветен на односите меѓу Европа и Блискиот Исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот